Крвава драма во делчевско: Му дошол во двор и го бодел со нож

 

Вистинска семејна драма се одвивала во селото Трботивиште. Вчера во 9 часот и 50 минути во дворот од куќата на 33-годишниот В.Ж. дошол нејзиниот поранешен сопруг, 48-годишниот О.С. и заедно со неговиот татко, 85-годишниот М.С. нашравил голем инцидент.

Според податоците од полицијата, бесниот маж ја навредувал несреќната жена, а потоа извадил нож. Во турканицата се вклучил и  48-годишниот В.С. кого насилникот го нападнал со ножот. Го прободел во раката, а потоа му нанел уште три убодни рани во пределот на десната нога, додека таткото на насилникот земал дрвен предмет и го удирал со него.

Таткото и синот се приведени, а на повредениот му е укажана лекарска помош.

 

 

Оцени ја веста

07.10.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега