Скопската полиција казни 500 возачи и 300 пешаци
Скопските сообраќајци минатата недела спроведоа ригорозна контрола по градски улици и казнија над 500 возачи и 300 пешаци, соопшти МВР.
Во текот на минатата недела тие напишале вкупно 566 платни налози за наплата на глоба и 1.375 покани за наплата на глоба.
Спорд официјалните полициски информации, 416 возачи се казнети бидејќи возеле со поголема бризна од дозволената а 77 од нив ја пречекориле за над 30 километри на час. Покрај тоа фатени е 137 пијани возачи, 85 кои немале возачка но се фатиле за воланот а казни добиле и 32 кои не можеле да почекаат и минале на црвено светло.
Во контролата се исклучени 15 возила кои бле технички неисправни и 97 на кои им истекла регистрацијата.
Сообрачајната култура не е на високо ниво и кај пешаците а тоа може да се види преку фактот што казнети се и 305 пешаци кои минувале улица каде сакаат или пак на црвено светло.
Од останатите казни најбројни се оние за зборување на моблен телефон вкупно 50 и за некоиристење на сигурносен појас.
“Пајакот“ минатата недела имал полни раце работа подигнал 522 непрописно паркирани возила на тротоар, пешачка зона, обележан пешачки премин и велосипедска патека кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Од скопската полиција најавуваат дека сообраќајните контроли ќе бидет уште поинтензивни во наредниот период.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа