Србите се заканија со крај на АБА доколку се дозволи влез на тим од Косово

 

Челниците на четирите српски клубови кои се натпреваруваат во регионалната кошаркарска АБА лига излегоа со реакција на најавата за можен влез на косовскиот клуб Пеја и се заканија дека тоа ќе биде крај на натпреварувањето.

- Евентуална дозвола на екипата од Пеќ да влезе во АБА лигата ќе значи распаѓање на натпреварувањето, изјави претседателот на Црвена Звезда Небојша Човиќ.

Со сличен став излезе и раководството на Партизан.

- Во случај на влез во АБА лигата на клуб од Косово, Партизан ќе го стори истото тоа што ќе го направат и другите српски клубови. Искрено не верувам дека во скоро време може да се случи некој косовски клуб да игра во АБА, изјави Драган Тодоровиќ, спортскиот директор на актуелниот АБА шампион.

Овие реакции се последица на изјавата на новиот тренер на кошаркарскиот клуб Пеја, хрватскиот стручњак Данијел Луц, кој побара следната сезона неговиот клуб да биде примен во АБА лигата.

најчитано сега