Тетово: Му извадил пиштол и му ја украл ташната - нема да ви се верува колку пари имало во неа

 

На 28.09.2015 година во СВР-Тетово Ш.И.(42) од с.Добарце-тетовското пријавил дека околу 21,00 часот  пред угостителски објект во с.Непроштено, каде со возило „Пасат“ со германски регистарски таблици пристигнал заедно со неговиот пријател О.М.(23) од с. Џепчиште, биле запрени од две непознати лица, вооружени со пиштоли кои им наредиле да излезат од возилото, по што едниот со шлаканици го удрил О.М, додека на  Ш.И. му впериле пиштол и побарале да им ја даде чантата, во која имал 23.000 евра.

 Откако ја зеле истите избегале, а Ш.И. и О.М. влегле во возилото и се упатиле по регионалниот пат и по кратко време О.М. ја отворил вратата и набрзина го напуштил возилото. На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Тетово и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

29.09.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега