Драма во тетовско: Им впериле пиштоли во глава

 

Четириесет и двегодишниот Ш.И. од тетовското село Добарце, вчеравечер пријавил дека околу 21 часот  пред угостителски објект во Непроштено, каде со возило „Пасат“ со германски регистарски таблици претходно пристигнале со неговиот пријател, 23-годишниот О.М. од Џепчиште, биле запрени од две непознати лица, вооружени со пиштоли.

Двајцата непознати им наредиле да излезат од возилото, едниот со шлаканици го удрил О.М, додека на  Ш.И. му впериле пиштол и побарале да им ја даде чантата, во која имал 23 илјади евра во разни апоени, па избегале од местото на настанот.

Полицијата превзема мерки.

 

 

Оцени ја веста

29.09.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега