Доаѓа влажен бран: Подгответе се за невреме!

Нестабилно облачно време со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер најавува од утре кон крајот на денот УХМР.

Македонија ќе биде под влијае на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот. Во текот на ноќта кон петок, соопшти УХМР, се очекува процесите да бидат поинтензивни локално и во форма на невреме со обилни врнежи од дожд од над 25 литри на метар квадратен воден талог и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 5.

 

 

Оцени ја веста

24.09.2015 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега