Спасов: Реализирани се 2.100 субвенционирани вработувања за лицата со инвалидност

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи многу за заштитата на лицата со инвалидност и реализира проекти за подобрување на вработување на овие лица, подвлече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на пратеничко прашање.

-Многу е лесно како пратеник да се застане пред говорницата и да се мавта со празни листови хартија и да се кажуваат лаги и манипулации. Во понеделникот, на 21 септември 2015 за сите заштитни трговски друштва и за сите правни лица кои вработуваат лица со инвалидност, поврат на придонеси е извршен во износ од вкупно 199 милиони денари на сметка на македонските компании кои што вработуваат лица со инвалидност, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и подвлече дека листот кој го донесе на говорница пратеничката Јагода Шахпаска да биде доставен, затоа што е голема веројатноста да станува збор за компанија кај кои што е утврдена големи пропусти и прекршувања на законот и злоупотреба на правата на лицата со инвалидност.

Тој подвлече дека се надева оти не застануваат во нивна заштита, и дека сите компании кои работата регуларно имаат добиено средства за поврат на придонеси.

-Согласно законот за вработување на лица со инвалидност секое трновско заштитно друштво кое што вработува повеќе од 40% од вработените се лица со инвалидност има право на целосно ослободување односно поврат на придонесите и за лицата со инвалидност и за сите останати вработени. Владата на годишно ниво издвојува околу 400 милиони денари за поврат на придонесите, а оваа година направивме дополнителен напор, додека вие бевте надвор осд Собранието се направи соодветна законска измена како резултат на која што се овозможија плус 100 милиони денари да дојдат на сметките на овие заштитни друштва и со тоа да се надмине заоставањето од неколку месеци, кое што веќе е надминато, подвлече Спасов.

За наредната година се обезбедени дополнителни 400 милиони денари и плус уште 130 милини денари за да се врши редовен поврат на придонесите за сите заштитни друштва за сите компании кои вработуваат лица со инвалидност.

-Изминатиот период како резултат на реализација на мерките проектите на Владата на Македонија, вкупно се реализирани 800 милиони денари со кои се реализирани повеќе од 2.100 субвенционирани вработувања за лицата со инвалидност, односно секоја компанија која што ќе вработи лице со инвалидност има право на еднократна субвенција од 20-40 просечни плати веднаш после вработувањето со одлука на Агенцијата за вработување на Р.Македонија, овие средства се веќе реализирани во вид на субвенции за приватните компании, додаде Спасов.

Дополнително, за да се поттикне самовработувањето на оние лица кои имаат способности  и кои имаат бизнис идеја, оваа година се започна со реализација на гранд за самовработување на лицата со инвалидност .

-Вкупно 60 милини денари ќе се реализираат за формирање на мали бизниси за 120 лица со можност да отворат уште две вработувања, односно вкупно 240 дополнителни вработувања, заклучи министерот.

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега