Димовски: Пратениците на СДСМ се само пратеници на СДСМ, а не и на сите граѓани

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денес ги искритикува пратениците од пратеничката група на СДСМ и нагласи дека тие поставуваат прашања кои само нивната партија ги нарачува, наместо да работат и да поставуваат пратенички прашања од интерес за граѓаните.

-Во Собранието се гледаат два различни концепти. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата за подобра Македонија избраа и на денешната седница, но и на претходните десет, да поставуваат прашања кои до нив ги доставиле граѓаните и кои се од директна и конкретна полза на нив. Пратениците од СДСМ очигледно одлучија да поставуваат прашања кои само нивната партија ги нарачува, а немаат никаква конкретна полза или интерес за граѓаните. Пратениците на СДСМ очигледно се само пратеници на својата партија, но не и на граѓаните, нагласи Димовски.  

Пратеникот потенцираше и дека пратениците од Пратеничката група на СДСМ по 15-месечното отсуство и недоаѓање на работа во Собранието, отсуствуваа од точно десет одржани седници наменети токму за поставување на пратенички прашања, каде тие не ја искористија можноста да поставуваат пратенички прашања и да бараат решавање на конкретни проблеми кои ги засегаат сите граѓани на Република Македонија, за што всушност се и избрани од граѓантие да бидат нивни претставници во Собранието на Република Македонија.

-Тоа го видовме кога одлучија да не доаѓаат на работа, но за жал го гледаме и денес кога одлучија да поставуваат прашања кои се интересни само за нивното партиско раководство, рече Димовски.

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега