Стигна есента: Погледнете ги температурите утрово во Македонија

Денес ни започнува есента. На стартот на новото годишно време, ова се моменталните утрински температури во градовите низ Макеоднија...

Инаку, времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, но ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе ќе бидат застапени во југозападниот дел на земјава. 

Утринската температура ќе се движи од 13 до 17, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Утре кон крајот на денот и в петок нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, од која се очекуваат обилни врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови и за невреме. 

 

 

Оцени ја веста

23.09.2015 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега