Метеоролозите најавуваат невреме во Македонија

 

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, но ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе ќе бидат застапени во југозападниот дел на земјава. 

Утринската температура ќе се движи од 13 до 17, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

В четврток кон крајот на денот и в петок нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, од која се очекуваат обилни врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови и за невреме.

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега