Ставрески: Исплатени 4,3 милиони денари за штетите од град во Дебарца

На 321 жител од општина Дебарца денеска и вчера исплатени им се 4,3 милиони денари надомест за штетите од град кои се случија пред неколку години. Ова денеска во Охрид го изјави вицепремиеорт и министер за финансии Зоран Ставрески, пренесе МИА.
- На иницијатива на градоначалникот на општина Дебарца и на пратениците на Охрид и Струга, Владата на последната седница повторно ја разгледа состојбата од последиците од град во општина Дебарца од пред некоја година. Иако иницијативата е од пред некоја година, поради објективни причини таму имаше застој, но го разрешивме тоа. Барањата се оправдани и треба да се исплатат штетите од градот, рече Ставески.

Со исплатата, прецизира, опфатени се повеќе населени места: Белчишта, Средорече, Велчишта, Мешеишта и Требеништа.

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега