Премиерот Груевски го исполни ветеното

Ветувањата кои премиерот Никола Груевски им ги дава на граѓаните, брзо се исполнуваат. Ново училиште во Српци, се работи патот Битола-Ресен-Буково и започна со работа дистрибутивниот откупен центар Apple Land во Ресен.

Училиштето во Српци кое беше целосно опожарено пред две години се изгради од темел и почна да функционира. Вчера Груевски по втор пат беше во посета, да ги разгледа  новите простории кои се од 350 м2, инвестиција од 8 милиони и 500 илјади денари.

- Тогаш ветивме дека ќе изградиме ново училиште. Тоа ветување го исполнивме и издвоивме 8,5 милиони денари за изградба на комплетно ново училиште со површина од 350 метри квадратни за 50 ученици кое сега веќе е во функција, истакна Груевски кој во придружба на заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски го посети новоизграденото училиште во таа локална самоуправа.

Уште едно ветување кое беше дадено се исполни, а тоа е изградбата и реконструкцијата на патот  Битола – Ресен – Буково  во должина од 27 километри, што е прв пат да се вршат градежни интервенции од овој карактер по цели 35 години.

Ова ветување Груевски го даде пред битолчани уште на почетокот на оваа година.

Машините се на терен и веќе интензивно се работи на патот речици две недели. Како што вчера посочи министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, за 12 месеци жителите од овој крај ќе добијат темелно реконструиран пат. 

Исто така при посетата на селото Српци беше ветено дека наредниот месец започнува и рехабилитацијата на регионалниот пат Клепац-Новаци во должина од 19.3 километри за што ќе се инвестираат 1.15 милиони евра и ќе се заврши за 12 месеци. Тоа беше поздравено од жителите на Српци. 

Една од најзначајните инвестиции за Ресен и ресенско беше промоворана вчера. Тоа е фабриката Apple Land од Дубаи. Станува збор за инвестиција од пет милиони евра со која ќе се отворат 100 нови работни места.

Ваквата голема инвестиција во оваа област беше одамна исчекувана и вистински потребна за јаболкопроизводителите од преспанскиот регион. Иако првично капацитетите на компанијата се за откуп и преработка и скалдирање  на 5000 тони јаболка, инвеститерот поседува технологија за обработка на 20.000 тони што укажува на сериозноста на планот за проширување на капцитетите и надоградување.

- Ваквата голема инвестиција во оваа област беше одамна исчекувана и вистински потребна за јаболкопроизводителите од преспанскиот регион. Денес таа стана реалност и верувам дека ефектите од неа набрзо ќе бидат почувствувани од страна на производителите. Современиот откупен центар претставува директна инвестиција од пет милиони евра во овоштарството  и тој има низа подобности, како што се можноста за откуп, калибрирање и складирање на јаболката користејќи притоа најнови технологии, истакна премиерот Груевски во обраќањето.

Тој изрази надеж дека со ова ќе се ублажи проблемот со откупот со кој во минатото се сочувале преспанските произведувачи на јаболка. 

- Можноста да се има откупувач кој има директен пристап до меѓународните пазари има голем потенцијал да донесе поголема стабилност и предвидливост во оваа дејност, нешто што е од особено значење за понатамошниот раст и развој на производството на јаболка во преспанскиот регион, рече Груевски.

Истовремено инвеститерот од Дубаи најави дека годинава ќе почнат и со една фарма во која ќе имаат илјада крави. Вториот проект е за извоз на цреши од Охрид за Дубаи. 

Сопственикот на компанијата Абдошамак Насер истакна дека неговите планови во Македонија не завршуваат со овој проект.

- Годинава ќе почнеме и со една фарма во која ќе имаме илјада крави, а сточарите ќе ги обучуваме во Австрија. Вториот проект ни е за извоз на цреши од Охрид за Дубаи. Овој објект планираме континуирано да го прошируваме  и инвестираме во него, рече тој. 

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега