Ахмети во вторник во Бугарија

Претседателот Ахмети, заедно со вицепреремиерот Муса Џафери, шефот на Кабинетот на Претседателот Артан Груби, како и портпаролот Бујар Османи, во вторник ќе престојуваат во официјална еднодневна посета на Република Бугарија.

Претседателот Ахмети ќе се сретне со премиерот на Бугарија, Пламен Василев Орешарски, и со министерот за надворешни работи на Бугарија, Кристиан Вегенин. Од кабинетот на Ахмети информираат дека тој ќе оддржи предавање на Дипломатскиот институт на министерството за надворешни работи на Бугарија на тема 100 години по Балканските војни, помирување и интеграција.

ФОТО: Дневник

најчитано сега