Времето денеска сончево со повремени врнежи и грмежи, од утре пресврт

 


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Според најавите од УХМР, наредните денови следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.

06.08.2025 - 08:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега