Адвокатите тврдат: Нотарите во Македонија признаваат дека 3 години постапуваат незаконски

Единствена околност која што заслужува коментар на Адвокатската комора на Република Македонија во последното јавно сопштение на Нотарската комора (составена од вкупно 187 членови) на Република Македонија дека во нотарските постапки треба субсидијарно да се применува Законот за парничната постапка. Тој закон во член 98 став 2 предвидува дека поднесоците задолжително треба да содржат адвокатски печат.  Со овој став нотарите признаваат дека години наназад со директно кршење на овој закон, примиле милиони поднесоци без адвокатски печат. Останатите наводи повеќе наликуваат на политички памфлет во кој не аргументирано македонските писари навлегуваат во владеење на право, противуставност и човекови права, по којзнае кој пат јавните службеници-нотари  се обидуваат да искористат одредени политички состојби, да го опструираат донесувањето на Законот за нотаријат за да ја задржат монополската позиција која им овозможува енормна заработувачка.  Се повикуваат на владеење на правото, а бараат да не се дозволи учество на адвокат заради заштита на интересите на граѓаните иако тоа учество новиот закон предвидува да биде  платено од истите трошоци кои и досега нотарите ги наплаќаат така што ќе се поделат мегу адвокатот и нотарот. Токму тука е и исплашеноста на малата група македонски нотари, бидејќи милиони евра од  заработката на екслузивната фиксна  бројка од 187 нотари би ја поделиле со 2400 македонски адвокати за вистинска правна сигурност на граѓаните која што ја обезбедуваат само адвокатите.

Повикувањето на конфузија на надлежности се однесува токму на нотарите кои истовремено се и судии  (водат оставински постапки), и адвокати  изготвуваат договори именувајќи ги како нотарски акти, а речиси јавно изготвуваат и приватни исправи. Кога одлучиле да се повикуваат на споредби можеле да направат споредба и со последните случувања во соседна Србија кога и самиот обид да се воведе нотаријат како македонскиот, предизвика повеќемесечен штрајк на адвокатите, кој резултираше со единствено исправното решение – целосно повлекување на законските одредби – нотарите да изготвуваат договори, и оставање на нотарите таму каде што по својата суштина припаѓаат – да вршат  заверки на договорите изготвени од адвокатите. 

Или да извршат споредба со Хрватска, каде што обидот да се воведе модел на нотаријат како македонскиот, едноставно беше одбиен без никакво сериозно разгледување. Во борбата за задржување на ексклузивниот профит, е и дезинформацијата за присуството на адвокати затоа што се испушта фактот дека тоа го предвидува за вредност на договори над 20.000,00 евра, а не и за багателни договори како што поизлегува од соопштението. Дезинформација е и дека нотарите не биле вклучени во изготвувањето на законот, бидејќи решенијата во законот беа усогласени и законот поддржан од двете комори – нотарска и адвокатска, но нотарите се предомислија кога се усвои решението  дека трошоците на граѓаните ќе останат исти, а постоечката награда на нотарот треба да се дели меѓу нотарот и адвокатот.   Ваквото однесување на нотарите во Македонија ја потврдува потребата од целосно преиспитување на системот на нотаријат во Република Македонија и негово ставање во улогата која му припаѓа  а тоа е заверка на документите составувани од адвокати, и демонополизација на нотаријатот со целосна либерализација на бројот на нотарите и пристап во нотаријатот на секој што ги исполнува законските услови, идентично како што е овозможен пристап во адвокатурата.

(Интегрален текст од соопштение на адвокатската комора во Македонија)

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега