ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА: Што не треба да се прави денеска?
Празник на родителите на Пресвета Богородица
Именден празнуваат: Ана, Јана, Јаника...
Свети Јоаким и Ана се родителите на пресвета Богородица. Јоаким бил потомок на цар Давид. Со сопругата Ана долго немале пород. Се молеле на Бога да им даде рожба и на поодминати години Господ им дал женско дете што го крстиле Марија што значи измолена со солзи. Празникот на Свети Јован и Ана се празнува еден ден по Мала Богородица (Раѓањето на Пресвета Богородица) на 22/9 септември. Светата црква уште ги одбележува и Зачетието на Ана 22 /9 декември и Успението на Св. Ана (Смртта на Ана) на 7.VIII./25. VII.
Овој празник меѓу народот се смета за полесен па во некои краишта (Гевгелиско) не работеле само жените.
Од чудата на Пресвета Богородица
О свобождшемсја Евреин от темници и веровавшем во Христа
Чудо 31.
Во странах Ломбардии еден Евреин бил купец многу богат. И фанале го харамии и затвориле го у темница многу темна у синџири. Мислиле да има стока да му земат, после да го убијат. А он сиромах у таја беда плакал горко и чекал смерт и мислил секојако како да се куртулиса.
Му дошло на ум зашто дева Мариа чини многу чудеса на христиани. Рекл: „Може и мене да ми поможе, ако еј се помољам со вера чиста“. И плакал умиленно со слзи и говорил: „Госпоже и царице небеса и земли, покажи милости твоја на мене сиромаха, да се удиви благодат, како си многу чинила и чиниш секој пат многу и неисказанно, како чуем от христиани – многу си бесни изцелила и робови си куртулисала. И не помјани злоби на мои деди, ами како мати милостива, како те христиани казуват, помози ми у оваја беда и избави мја и ја да веруем у сина твоего и Бога и да покажем на сите чудеса твоја“.
И така молејки се заспал. И видел у видение една царица посветла от слнце, а около неја ангели. Тие му извадиха синџирите, таја им повеле – Богородица. А он от радост се собудил и еј рекл: „Кажи ми, Владичице, имја твое. Зашто си ми учинила толку добро, да познам твое добро“. Она му говори: „Ја сам Мариа, таја што си ја викал, и те послушах, ако ми се Евреи душмани и мене и на сина моего. Ами си ми се молил со жива и чиста вера. Му се нажали на сина моего, да се освободиш смерти душевнија и телеснија“.
Това рече и повеле на ангелите да го заведат у една пропаст дека е видел души без чет, без број, дека се мучат. Излезила смрад многу, што не може да се терпи. А Евреин од страх паднал на земља. Говори му Владичица: „Тие муки на Евреи невернни. Тија не верујат воплоштениуе сина моего Иисуса Христа“.
После завеле го на гора висока и тамо видел место красно и весело, и излазило миризма многу сладка. И видел народ многу и појале радостнија песни. Се удивил Евреин на таковија красоти. Говори му владичица: „Тие се души што ги освободил Син Божиј со многоценноју и пречистоју своеју кровију. И ти избери од тие две места едно – кое ти е угодно“. Сие рече и отиде на небо. А Евреин се нашел надвор от затвора, вон от дека бил затворен, и се крестил свјатое христијанство. Се што имал стока оставил и отишел у монастир и живеал богоугодно до живота своего.
Инаку, денеска не би требало да работите ништо со раце, не се чисти и не се пере. Истото важеше и за вчерашниот ден, а овој празник е само дополнение на празникот Мала Богородица.
Од книгата „Собрани текстови“ од Јоаким Крчовски, Скопје 1974. (Подготви Марко Китевски)
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа