Важна вест за возачите - што ќе се случува?
Патниот правец Охрид - Кичево кај планинскиот превој Пресека денеска од 13 до 15 часот ќе биде во прекин, а обиколницата околу Скопје ќе биде затворена за сообраќај.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека прекинот во сообраќајот на патот Охрид - Кичево ќе биде во временски интервали од 15 до 20 минути поради минирање на патот.
Обиколницата околу Скопје повторно ќе биде затворена од 7 до 19 часот поради снимањето на францускиот филм „А Фонд“.
Оцени ја веста
22.09.2015 - 08:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа