Ќе се спасиме ли неделава од дождот?
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи особено во источните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 19 до 26 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
Во среда времето ќе биде малку потопло со подолги сончеви периоди, а во четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа