Во 13 општини обесштетени се околу 2.220 земјоделски семејства од поплавите
Владата почна со чистење на реката Црна за што се инвестираат околу половина милион евра, а дополнително ќе се инвестираат еден милион евра за чистење на каналите на потегот Битола - Новаци - Могила, истакна денеска премиерот Никола Груевски, кој е во посета на Пелагонскиот регион.
Тој посочи дека се работи на целиот потег на реката Црна којшто е критичен и оти ќе бидат доделени и дополнителни 300 тони нафта за механизацијата која работи на терен.
- Работиме со внимание за овој проект којшто ветивме дека ќе го направиме. Механизацијата е на терен и се работи со полна пареа. Средствата се обезбедени и нема никаква пречка за оваа работа да не ја завршиме, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додаде дека минатата година се исчистени 145 километри канали, а годинава дополнителни 85 километри.
Премиерот информира дека почнато е и обештетувањето на земјоделците и оти веќе во 13 општини околу 2.220 земјоделски семејства се обесштетени.
- Преостанува понатамошното исплаќање на земјоделците кои не ги примиле средствата заради обработка на документите за исплата. Во општините Могила, Новаци и Битола досега е исплатено обештетување на околу 985 семејства, а исплатата продолжува и понатаму, рече Груевски, изразувајќи надеж дека за месец до два треба да се заокружи овој процес.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа