Од понеделник отворени денови во Скопски катастар

Агенцијата за катастар на недвижности, следната недела, од понеделники до петок, во Центарот за катастар на недвижности – Скопје, организира отворени денови за жителите од општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај. 

Граѓаните ќе можат да се обратат за информација или решавање проблем од 28 септември до 2 октомври од 9 до 17 часот, а претходно треба да закажат термини со тимовите на Катастарот секој работен ден од 9 до 16 часот на телефонските броеви:  3097-300 и 3097-337. 

- Од оваа година заедно со стручните тимови на катастарот ќе бидат и тимови од Управата за имотно правни работи, со цел граѓаните да можат веднаш да си го решат проблемот или да ја добијат потребната информација. Ги повикуваме сите граѓани кои имаат какви било нејаснотии поврзани со катастарот да дојдат и да ги надминеме заедно, се вели во соопштението од Агенцијата за катастар на недвижности.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега