Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со хепенинг го одбележа Меѓународниот ден на мирот

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Гази Баба на плоштадот во Автокоманда со голем хепенинг и забава за најмладите го одбележа Меѓународниот ден на мирот.

На хепенингот настапуваше балетското друштво Еурека а за забавата на големиот број на дечиња се погрижија кловновите, жонглерите и други детски забавувачи.

Поддршка на настанот даде и уметникот Живко Поповски кој изработи 16 метарско платно, со цветови и бели гулаби кои се симболот на мирот.

-Ја поздравувам иницијативноста и општествената одговорност која ја поседува Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со одбележувањето на голем број Меѓународни денови. Посебно ме радува организацијата на настани од ваков тип на кои директно учество земаат дечињата кои се иднината на нашата држава, изјави Живко Поповски.

На настанот присуствуваше и претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега