Трагедија во Тетово: Тетовчанец почина пред очите на синот

 

Трагедија го потресе Тетово откако синоќа 62-годишен тетовчанец загина додека работел на својата куќа. Несреќата се случила кога веќе починатиот Селим Д. заедно со синот работел на замена на ќерамидите на куќата, по што се лизнал, паднал од кровот и починал на лице место.

Иако веднаш бил однесен во болница, докторите не можеле да направат ништо освен за жал само да констатираат смрт. 

Телото по извршениот увид е предадено на семејството за погреб.

 

 

Оцени ја веста

21.09.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега