ФOTO: Ново катче за одмор за пензионерите во Ѓорче Петров

Веднаш пред влезот на пензионерскиот клуб општината Ѓорче Петров за своите пензионери изгради пријатно катче за одмор и разонода.

Летниковецот, како што веќе популарни го нарекуваат ѓорчепетровските пензионери, ќе биде добредојден за љубителите на шахот и другите друштвени игри со кои пензионерите го минуваат своето слободно време и се дружат. Но неспорно е дека  и други  намерници ќе сакаат користат за да се тргнат да се тргнат од жешкото сонце и да се одморат под сенка.

2500IMAG3751

Уредена е и околината околу летниковецот, а деновиве ќе се засадат и дрвја со што овој простор ќе стане препознатлив белег на овој дел  од општинта. Објектот во употреба го даде градоначалникот Сокол Митровски, а по повод празникот на општината 20 септември.  За негова реализација се одвоени средства од буџетот на општината.

При изградбата се употребени исклучително природни материјали и тоа  дрво и камен.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега