Владата го номинираше Срѓан Керим за кандидат на РМ за Генерален секретар на ООН

Владата на Република Македонија одлучи да го номинира д-р Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија и 62-ри Претседател на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации, за функцијата Генерален секретар на Организацијата на Обединетите Нации, информираат од владината прес-служба.

Источно Европската Група во ООН на која припаѓа и Република Македонија во ноември 2014 година завзeде заеднички став дека следниот Генерален  Секретар  на ООН, по основ на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови.

-Како резултат на дипломатски консултации и  високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите членки за претседавањето со Генералното собрание на ООН, Владата на Република Македонија оцени дека д-р Срѓан Керим е личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата Генерален Секретар на ООН, се вели во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа