Читана како Кери Бредшо, интересна како Озборувачка - Лејла Сабит со нова книга

На 16 септември 2015 година во книжарницата „Култура“ на плоштад Македонија, Лејла Сабит ќе ја промовира својата нова книгавтора по ред, насловена како „VIP–нови­­­­колум­ни­на­лејла­са­бит“

 Луксузното издание опфаќа 260 колумни.

 Читателите ќе можат да ја купат новата книга на сите продажни места на Култура од 17 септември 2015 година.

 VIP – новиколумниналејласабит“ е во изда­ние на издавачката куќа Култура, а е поддржана од ЕУРОЛИНК.

           Еве што кажаа рецензентите за Лејла Сабит:

            „Лејла Сабит не треба да ја запознаете за да ја познавате. Тоа е моето непосредно сознајно искуство за неа, и како новинарка и како човек. Не, не само затоа што е со заслужен VIP статус во својата професија и градски лик од сите позначајни културни случувања во земјата. Многу повеќе затоа што во нејзините ИЗЛОГ-колумни секогаш „го купувате тоа што ви се продава“. Без скриени фалинки, без лажни претензии, без лажна љубезност, без лицемерни четки и без извештачени додворувања или реклами...“ – д-р Каролина Ристова-Астеруд

           „Опсерваторската моќ на авторката ја одразува нејзината длабока нурнатост во она што го обликува животот, пришто се истакнува нејзиниот распон од разнородни и богати сознанија, како карактеристика на нејзината публицистичка личност. Овие колумни покажуваат колку, како новинар, Лејла Сабит се движела низ ходниците на животот, како новинар во повеќе области од живеењето...“ – Гордана Михаилова – Бош­на­­­ковска.

 

 

Оцени ја веста

14.09.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега