Линијата Охрид-Подградец ја искористиле над 1.000 туристи - Струга надвор од плановите за пловидба од технички причини

Околу 1.000  домашни и странски туристи ова лето почнувајќи од средината на месец јуни, до средината на овој месец ја искористиле бродската линија Охрид-Поградец за да го прошетаат Охридско, заобиколувајќи го од двете страни на езерото. Се работи за чартер линија која е активна само во текот на туристичката сезона, бидејќи без туристи, во останатиот мртов период од годината бродовите се укотвени на охридското пристаниште.

– Да бидеме реални и да ги правиме нашите постапки во рамките на реалните можности и очекувања. Нема потреба да идеализираме сега ќе отвориме граничен премин преку цела година, зошто?, вели за Алфа, Горан Устијаноски од охридската капетанија.

Иако распослана на брегот на Охридското езеро, Струга не е вклучена во сезонската линија до Поградец бидејќи овој крајезерски град нема соодветно пристаниште, велат од капетанијата.

– Во однос на Струга,таму ограничувачки фактор е пристапот за бродовите. Тоа е ограничувачки фактор не само за линијата со Албанија туку и за некаква конекција Охрид-Струга. Не постои никаква друга позадина затоа што денеска брод не оди во Струга. Причината е чисто техничка, потенцира Устијаноски.

Претседателот на ХОТАМ смета дека долж целото крајбрежје треба да има 5-6 пристаништа и далеку поголем број пловила.

Од капетанијата појаснуват дека дозволата за изградба на пристаниште на територијата на еден град ја издава самата општина по претходно добиено мислење од капетанија.

 

 

Оцени ја веста

14.09.2015 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега