ВМРО-ДПМНЕ со политика на отвореност, Македонците муслимани и Турците дел од највисокото тело

Нермин Теловска по националност Турчинка неодамна стана член на највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ,  Извршниот комитет, а партијата ја продолжи практиката на застапеност на македонските муслимани во  овој највисок орган, овој пат преку зголемено и проширено учество.

Членови на Извршниот комитет се Нола Исмајловска и Фатмир Имеровски кои и се пратеници во Собранието. Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ е и Алим Билали  Македонец муслиман од Маврово Ростуше.

Ваквата отвореност значи  и целосна инклузија во највисоките органи на партијата , политика што дава резултати, што може и да се види при теренските посети на премиерот Груевски каде освен традиционалното гласачко тело,  со одобрување е пречекуван од Македонци муслимани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци.

44nolaaa

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека членовите на Извршниот комитет се постојано на терен и работат со граѓаните. Нермин Телоска работи со населението од населените места каде има повеќе Турци во регионот на Центар Жупа и Демир Хисар, во Дебар и Маврово Ростуше е Нола Исмајловска, а Фатмир Имеровски е задолжен за координација на регионите на Теарце, Јегуновце, Брвеница. Но од таму  велат нема строги делби на регионите, тие се таму каде има потреба, а многу често надвор од посетите кои ги остварува премиерот, тие заедно реализираат посети на терен во директна комуникација со населението.

nolagragani

iiizjavaaa

Една таква директна посета беше одржана токму вчера која заврши во вечерните часови на регионот Жупа, Броштица, Горценци, Коџаџик каде има население претежно од Македонци муслимани и Турци.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Нола Исмајловска, Фатмир Имеровски и Алим Билали, придружувани од градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Мукрем Мехмеди и директорот на управата за матична евиденција Силас Муслиовски беа во посета на граѓаните каде говореа за актуелните проблеми, пронаоѓање на начините и можностите за нивно решавање.

nola33

-ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија обрнува многу внимание и на муслиманското население во Република Македонија. Имаме вклучени Македонци муслимани но и Турчинка во Извршниот комитет, највисокото тело на нашата партија. Со постојаните посети на терен ја покажуваме нашата грижа за граѓаните и се обидуваме да најдеме решение на нивните проблеми и одговори на нивните прашања. Тука сме заедно со моите колеги пратеници Алим Билали и Фатмир Имероски, членот на ИК на УМС Рамадан Мехмети, директорот на Управата за водење на матични книги Силас Муслиоски и градоначалникот на Маврово и Ростуше Мукрем Мехмеди, со што покажуваме неколку примери кои благодарение на нашата партија имаат значајни функции и со тоа се покажува дека имаме можност и за одлуки коишто се не само за партијата туку и за нашата држава. Денешниот ден го поминавме во Центар Жупа, бевме во, Коџаџик, Горенци и сега во Броштица, каде што веќе некои од работите се решени благодарение на посетата на премиерот. Овие три села тогаш не беа посетени, па ние ја презедовме таа одговорност да ги пренесеме нивните проблеми и веќе преку контакт со локалната самоуправа и министрите од Владата имаме идеја како некои решенија да бидат најдени. Посебен акцент ВМРО-ДПМНЕ става на ангажирање и вклучување на Македонците муслимани не само во партијата, туку и значајно нивно интегрирање, како економско така и општествено, затоа што и ние сме Македонци и тоа е нешто што со години беше изоставено и сега надоместуваме со труд и работа за доброто на сите, истакна таа.

Ваквата политичка отвореност наметнува нови повисоки стандарди, но и покажува посветеност кон решавање на вистинските проблеми на граѓаните кои не познаваат ниту верска ниту етничка припадност.

 

 

Оцени ја веста

13.09.2015 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега