Алфите со полни раце работа - во август приведени 1156 лица

Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција - Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 1156лица, потоа преглед на 18 патнички возила, извршен преглед на 55 лица и поднесени 382 извештаи за непосредно забележани лица.

По основ на телеграма приведени се 26 лица, по Потрага, Гласник или Наредба од Основен суд – седум лица, под сомнение за извршено кривично дело – 22 лица, по извршено кривично дело – 14, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени двелица, за издржување на казна затвор – седум лица, за утврдување на идентитет – 17 лица, за недозволени предмети по основ на прекршоци - две лица и приведено е едно лице (странски државјанин) со нерегулиран престој во РМ;

Вкупно приведени лица по ЈРМ – 37 лица

-    за учество во тепачка – 23 лица

-    за физички напад – осум лица

-    омаловажување на ПС – две лица

За напад на службено лице чл.383 од КЗ на РМ – две лица

Вкупно приведени лица со оружје – девет лица

-    со сигнален пиштол – пет лица

-    со пиштол – две лица

-    пушка  –  едно лице

-    преправено или рачно изработено оружје - едно лице    

Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – седум лица

-    со НН тревкаста материја – пет лица

-    со НН прашкаста материја – две лица

Вкупно приведени лица со ПМВ – 41 лице

-    по телеграма – 26 лица

-    непоседување на соодветна документација – две лица

-    поради сомнение за извршено кривично дело – три лица                               

-    сторен сообраќаен прекршок – седум лица

-    сторен царински  прекршок – три лица

Вкупно приведени лица со ТМВ - едно

-    не поседување на соодветна документација за товар – осум лица

 

Приведени лица со мотоцикл за непоседување на соодветна документација – девет лица                            

Останати активности:

-       Предадени осум лица поради нарушен ЈРМ

-       Предадени осум лица – сторители на кривични дела

-       Предадени 38 лица за сторен сообраќаен прекршок

-       Три останати случаи за предадени лица

-    пронајдени и предадени едно ПМВ и три други предмети кои потекнуваат  од кривично дело

-    предаден еден мотоцикл и

-    пронајдено едно возило барано по телеграма.

Извршени едно обезбедувања на лице место, 18 обезбедувања на лица, изготвени девет оперативни информации, дадени 16 асистенции при вршење претрес на дом и други простории, една асистенција за потребите на службите на Министерството и една асистенцијададена на други надлежни институции. Постапено по РОА, предадени пет патни исправи, пронајдено и предадено изгубено женско лице и пронајдено безживотно тело.

 

 

Оцени ја веста

13.09.2015 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега