Скопјанец утрово дивеел во полициска станица
Утрово околу шест часот на улицата „Св.Кирил и Методиј“ и улицата „Даме Груев“, пред Полициската станица Центар, од страна на 28-годишниот Ш.Е. од Скопје, по претходно нарушен јавен ред и мир, извршен е напад над униформиран полициски службеник. Насилникот го удрил со рака во пределот на градите, а откако истиот е лишен од слобода пред влезот на полициската станица повторно го нападнал удирајќи го во вилицата.
На лицето е извршено алкотестирање, при што утврдено е дека има присуство на 1,97 промили алкохол во крвта.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа