Неделава температурен шок: Што ќе се случува со времето?

Од вторник до петок подрачјето на Македонија ќе биде под влијание јужно воздушно струење и доста топла и сува воздушна маса од Медитеранот.  Која ќе предизвика и доста топло време за овој дел од годината.

 Постепено опаѓање на температурата на воздухот се очекува од сабота кога во текот на денот се очекува и ветерот ќе го промени правецот во  северен. 

Инаку, времето во Македонија денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од седум до 16, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 27 степени. 

УВ-индексот ќе биде 6. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

13.09.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега