„Брат ми ми се јави пред да биде убиен" - продолжува судењето за масакрот кај Смилковци

Продолжи судењето за маскарот кај Смилковското Езеро кој на 12 април 2012 година ја потресе цела Македонија.  Повеќе од четири часа во Апелациониот суд се читаше пресудата за случајот „Монструм", со којашто на доживотен затвор се осудени шест лица за убиството на четирите момчиња од Радишани и рибарот кај Смилковското езеро, пишува Вечер.

- Непосредно пред да биде убиен брат ми, се слушнав со него по телефон, бидејќи моите родители беа загрижени - почна да се стемнува, а тој не беше вратен дома. Во разговорот кој траеше 12 секунди, му го слушнав гласот, по што слушнав звук како нешто да паѓа во вода, сведочеше сестрата на едно од момчињата кои беа убиени кај Смилковското Езеро.

Пресудата за масакрот кај Смилковското Езеро беше донесена лани на 30 јуни, кога шестмина обвинети, Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сејди Рами Сејди, а Хаки Азири, беа осудени на доживотен затвор. Нивните адвокати и на претходното рочиште бараа укинување на пресудата.

За потсетување, незапаметениот масакр кој ја потресе Македонија се случи на 12 април во 2012 година. Животите ги загубија тинејџерите Цветанчо Ацевски (19), Кире Тричковски (21), Александар Накевски (18), Филип Славковски (20) и повозрасниот Борче Стевковски (45). На Велили Четврток беше брутално стрелано во младите мочиња и повозрасниот маж.

 

 

 

Оцени ја веста

13.09.2015 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега