Силен пожар беснееше во струшко - каква е состојбата?

Еден час по полноќ целосно е изгаснат пожарот што вчера околу 18 часот избувна во деловен објект во струшкото село Мислешево.

Началникот на Територијалната противпожарна единица во Струга Минир Мамуди во изјава за МИА информира дека на терен интервенирале девет возила. 

Тој појасни дека струшката пожарна испратила четири противпожарни возила, но поради интензитетот на пожарот, побарале помош од охридските колеги од каде дошле уште четири возила и една екипа од Охридскиот аеродром. Во гаснењето на пожарот учествувале 18 пожарникари од Струшката пожарна, осум од Охридската и екипа со тројца аеродромски пожарникари.

- Со заеднички напори на струшките пожарникари, нашите колеги од Охрид и од Аеродромот успеавме во 22 часот да го локализираме пожарот, изјави Мамуди.

За среќа, нагласи тој, нема човечки жртви, а брзата интервенција на пожарникарите не дозволила огнот да се прошири на околните објекти.

- По целосното гаснење во 1 часот по полноќ, влеговме во објектот со стручна опрема го исчистивме од жаришта и на секој час наши екипи правеа контрола, рече Мамуди.

Опожарен бил салон за мебел полн со синтетичка стока, дрвен и друг запаллив материјал. Висината на штетата допрва ќе се проценува.

 

 

Оцени ја веста

13.09.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега