Претседателот Иванов ја честита еврејската Нова година Рош Хашана

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод еврејската Нова година - Рош Хашана  упати честитка до припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија и до нејзниот претседател Берта Романо-Николиќ. 

- По повод големиот празник Ви посакувам претстојните празнични денови да ги прославите во духот на повеќевековната традиција, во семеен мир и добросостојба. Рош Хашана е празник на кој припадниците на Еврејската заедница се присетуваат на сите добри и лоши дела во текот на изминатата година. Затоа и деновите што следат се поврзуваат со длабока етичка и морална одговорност. Обичаите кои се карактеристични за овој празник се поврзани со блиските и со семејството, со прошката и поддршката, но и со хуманите вредности кои се наша заложба. Желбата за создавање подобар живот и животни вредности е тоа што нè сплотува во учењето едни од други. Негувајќи ги традициите создаваме позитивни вредности за идните генерации, пишува претседателот Иванов во честитката по повод Рош Хашана.

 

 

Оцени ја веста

13.09.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега