ИСТОРИСКО НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА: Владините проекти со резултат

Владините проекти за намалување на невработеноста даваат резултати, а тоа го покажува и последниот податок на Државниот завод за статистика за намалување на невработеноста на 26,8 проценти заклучно со вториот квартал од 2015 година.

Станува збор за историски најнизок процент на невработеност во Македонија.  Истото се должи на силните заложби на македонската Влада која со низа проекти ја исполнува својата примарна цел- да се отворат нови работни места.

- Владините проекти, новите странски инвестиции и отворањето нови фабрики ширум Република Македонија влијаат да се создадат нови работни места во повеќе општини, да се намали невработеноста на територијата на цела држава. Верувам дека до крајот на годината ќе вродат со уште позначителен резултат односно континуирано ќе продолжи значително да се намалува невработеноста во земјава, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Преку проектот „Македонија вработува“ за четири месеци вработени се 5.823 лица од целата држава. Овој проект, оцени дека дава исклучителни резултати и ќе продолжи во иднина, што, според министерот, ќе продолжи да влијае во намалување на невработеноста во државата.

Во општина Берово овој проект досега отворил 60 работни места за само четири месеци. Во Делчево и Македонска Каменица отворени се над 120 работни места.

- Проект ќе продолжи и понатаму да влијае на креирање нови работни места, меѓутоа и поголема поддршка на приватниот сектор односно значителни субвенции од страна на државата за развој на сопствениот бизнис, нагласи Спасов.

Преку оперативниот план за вработување, активните мерки како што е грантот за самовработување, информира дека само оваа година поддржани се 500 приватни компании, а до крајот на годината очекува бројката да достигне околу илјада.

- Со мерката вработување млади до 29 години и со една година ослободување за плаќање придонеси за приватните компании за околу година и пол се вработија околу 9.600 млади лица, подвлече министерот Спасов. 

За разлика од историското намалување на невработеноста во време на ВМРО-ДПМНЕ статистиката во периодот на СДСМ од 2002 до 2006 година е поразителна. Тогаш невработеноста во Македонија изнесуваше 38%.

Во 2007 година по доаѓањето на актуелната владејачка партија невработеноста беше намелена на 34,9% и истата континуирано се намалува .

Во 2008 невработеноста изнесуваше 33, 8% , во 2009 -32,2%, во 2010  изнесуваше32%.

Во 2011 година стапката на невработеност во Македонија изнесуваше 31,4%, една година подоцна 31% , за во 2013 дополнително да се намали на 29%.

Минатата година стапката на невработеност во Македонија изнесуваше 28%, за годинава да биде достигнато историско намалување на невработеноста од 26,8%.

Професорот доктор за социјални политики Јован Пејковски во изјава за Курир  вели дека позитивниот тренд се должи на бројни фактори како економската активност, стабилноста, инвестициите и активните мерки на Владата.

-Трендот што се одвива во оваа сфера, покажува еден позитивен правец затоа што намалувањето на невработеноста е резултат на повеќе фактори. Имаме раст на БДП, што значи имаме економска активност и во услови на криза се задржува, опстојува иако знаеме дека и во Европа и во  земјите со кои што Македонија соработува се уште има пострецесиони влијанија. Овде имаме позитивни движења кои што создаваат услови за отворање на нови работни места , што значи имаме економски влијанија, макроекономска стабилност која што се одржува на подолг период и мерки кои што се насочени кон поттикнување на инвестициите и домашни и странски пред се во насока на отворање на нови работни места. Тоа ја апсорбира работната сила, посебно едуцираната работна сила која што е барана кај инвестициите од странство и со самото тоа се создаваат можности за натамошен раст и на вкупната економска активност, односно на БДП и за создавање можности за отворање на нови работни места. Од друга страна имаме мерки и активни политики од Владата, кои што придонесуваат за самомотивација, колективација на претприменичките активности, односно сопствено економски самопонудување на лицата кои што имаат идеја, имаат шанса, а преку финансирање со разни поттикнувачки мерки се самовработуваат. Понатаму имаме мерки и за работодавачите кои што исто така се мотивираат да отвораат нови работни места. Со еден збор имаме мерки кои што позитивно дејствуваат во макроекономската сфера и со самото тоа се создаваат можности за нови работни места, истакна за Курир, професорот Пејковски.

Доцент доктор Лазар Јовевски кој предава трудово право во изјава за Курир ги коментира позитивните резултати, но вели дека допрва ќе бидеме сведоци на плодовите од ваквото дејствување.

-Намалувањето на трендот на невработеноста претставува позитивна работа која што сметам дека е објективна и е одраз на реалните поместувања на пазарат на труд коишто се инспирирани од континуираната тенденција, всушност и процес на намалување на невработеноста преку вработување во активниот реален сектор во Р.Македонија. Оваа тенденција треба да продолжи , со тоа што да се надеваме дека до крајот на годината ќе дојдеме до надминување на границата од 25 %, значи под 25% да падне невработеноста. Намалувањето на невработеноста како тенденција, како процес несомнено има длабоки позитивни ефекти на повеќе полиња. Пред се тоа значи намалување на оние категории на луѓе во Р.Македонија кои што се социјално зависни од државата. Од друга страна позитивно делува, благопријатно и на самиот пензиски систем односно на зголемување на бројот на вработени во однос на оние кои што се невработени. И трета работа всушност значи раздвижување на целокупната економија во државата , поголема платежна моќ на граѓаните и повисок и подобар стандард. Паралелно според мене, овој процес треба да го прати една широка акција на едукација и на работниците и на работодавачите, со цел остварување на правата од работен однос  за вработените во полн обем, а тоа значи работење на идејата за покачување на минималната плата, остварување на правото за поголема безбедност на здравје при работа, годишните одмор, заштитата на посебните категории како што се лицата со инвалидитет, жените и малолетниците итн. Владините мерки за намалување на невработеноста, се уште се во тек, го следиме процесот и преку показатели директно од пракса , но и во рамките на информациите кои што сите ние ги добиваме од Заводот за статистика, несомнено е дека овие мерки имаат позитивен ефект на вработувањето на особено ранливата категорија на пазарот на труд, а тоа се младите лица и истите мерки делуваат прилично стимулативно кај работодавачите во однос на вработување на млади лица.   Поентата е што се стимулираат пред се работодавачите, што според мене базично издржана логика , на тоа дека тие се токму клучот  за да може да се направи поголем провод на пазарот за труд на младите. Доколку се стимулирале можеби самите млади или некои други сегменти на пазарот на труд ефектите можеби не би биле толку видливи. Сега-засега мислам дека  концептот е издржан и дека допрва ќе бидеме сведоци на плодовите кои што ќе ги носи, објаснува тој.

Оцени ја веста

12.09.2015 - 18:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега