УМС на ВМРО-ДПМНЕ: „Живеј здраво, спортот е мојот избор“ (ВИДЕО)
Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Живеј здраво, спортот е мојот избор“ денеска организираше спортски натпревари во фудбал и кошарка во општина Бутел.
Со овие активности од УМС на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ги мотивираат младите да спортуваат и да практикуваат здрав начин на живот.
Натпреварите се одржаа во новоизграденото повеќенаменско игралиште во општина Бутел, едно од игралиштата од владиниот проектот „100 повеќенаменски игралишта“.
-Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет од 2006 година до сега инвестира во спортот и има изградено 52 повеќенаменски спортски игралишта, а 8 се во фаза на градба . Исто така има изградено 33 спортски сали, а две се во фаза на градба. Од вкупно 35 спортски сали предвидени со проектот спортски сали да напоменеме дека се изградија 50 фудбалски игралишта на територија на Р. Македонија и исто така досега се изградени 54 тениски игралишта, а 21 се во фаза на градба, истакна Лука Кржалоски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно се грижи и инвестира во развојот на спортот и спортскиот дух кај младите.
-Воедно на овој начин сакаме и да ја поддржиме и кампањата на Владата на Р. Македонија за борба против пороците за да ги мотивираме младите за да спортуваат и практикуваат здрав начин на живот, а воедно можеби и некој од нив да стане врвен спортист кој ќе ги брани репрезентативните бои. Затоа ние им порачуваме на сите млади да живеат здраво и спортот и спортот да биде нивен избор, потенцираше Кржалоски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа