Мицкоски од Брисел: Сакаме во ЕУ но ултиматуми не прифаќаме

 

Влада останува фокусирана на реформи, останува фокусирана на обезбедување подобри услови за живот на македонските граѓани и нормално наша главна цел останува да биде полноправно членство на нашата Македонија во рамките Европската Унија, порача Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска е во работна посета на Брисел.
„Денеска имав можност да остварам две билатерални средби. Едната е со госпоѓата Марта Кос којашто е новиот комесар за проширување и господинот Антонио Кошта којшто е новиот претседател на Европскиот Совет. И на двете средби во исклучително пријателска, и би рекол срдечна и конструктивна атмосфера разговараме за сето она што ние досега го имаме поминато како предизвик во минатото, за сето она кое што ние требаше и се откажавме во името на европските вредности, но истовремено ги реафирмиравме нашите ставови дека ултиматуми не прифаќаме, дека сме подготвени да разговараме и подготвени сме да разговараме онолку колку што е потребно за да најдеме начин како да го отвориме првиот кластер, брзо да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја членка во Европската Унија.

Остануваме посветени на обезбедување подобар живот за нашите граѓани, а како дел од таа агенда е и нашата целосна инспирација да бидеме дел од европското семејство.“ - рече Мицкоски

03.12.2024 - 18:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега