Аеродром се гради како никогаш до сега - граѓаните задоволни

Општина Аеродром се гради, граѓаните се задоволни од проектите кои се реализираат. Нови паркови, нова канализација за Лисиче, нова асфалтна мрежа, осветлување... се дел од проектите кои се реализираат во оваа скопска општина која вчера ја посети премиерот Груевски.

Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски истакна дека во соработка со Владата, но и со општински средства се завршени значајни проекти за граѓаните. Во тек е асфалтирање на улици, изградена е спортска училишна сала, паркови и нова градинка чија градба треба да заврши до крајот на годината за граѓаните на Горно Лисиче.

-Наредната година планираме „Ѓорѓи Крапчев“ да ја реконструираме целосно и на тој начин да завршиме со реконструкција на цела улица. Направивме канализација, колектори, преку 10 милиони инвестиции. Се реши и водоводот целосно, направивме тротоари 10 километри, почнуваме да градиме градинка со средства половина од општината, половина од Министерството за образование. Сите оние работи кои беа неопходни до крајот на оваа година и почеток на наредната се ќе биде готово, истакна Коневски. 

Истовремено особено значајно е што се завршија најголемите инфраструктурни проекти потребни за граѓаните на цела општина Аеродром во тој дел на општината. Направена е канализација над 40 километри, нов колектор и препумпна станица инвестиции од над 10 милиони евра. Се планира за наредната година реконструкција и на улицата „Горги Крапчев“.

Граѓаните од населените места во цела општина Аеродром се задоволни од реализираните проекти со кои им се решаваат горливите проблеми. Тие при вчерашната посета на премиерот Никола Груевски му ја искажаа благодарноста за спроведеното.

-Голема благодарност од нашето население за завршениот проект канализација, кој беше повеќедецениски проблем за нашето население и благодарение на Владата на чело со Вас, тој проблем е решен, му порачаа граѓаните на Груевски.

Целта на ваквите посети е решавање на крупни и значајни проблеми. Изминатиов периот премиерот Груевски посети низа населени места ширум Македонија, а проблемите кои му ги предочија граѓаните беа експресно решавани. Иако за опозицијата е несфатливо, граѓаните го прифаќаат и одобруваат ваквиот начин на работа.

 

 

Оцени ја веста

12.09.2015 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега