Нормализиран железничкиот сообраќај
Од денеска на пладне е нормализиран патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава. Синдикалните организации и раководството, како што информира директорот на МЖ Транспорт Никола Костов постигнаа договор.
- Двете страни најдоа заедничко решение за надминување на ситуацијата, изјави Костов и додаде дека не го прифатил договореното само еден синдикат на машиновозачите и тие не ги извршуваат работните задачи.
Според него тоа е спротивно на Законот за работни односи и за одбивање работа предвидени се законски мерки. - Во време кога Македонија се соочува со мигрантска криза тоа предизвикува загрозување на безбедноста и сигурноста на сообраќајот, истакнува Костов.
Железничкиот сообраќај беше прекинат од завчера попладне. Машиновозачите бараа целосна исплата на платата за јули и придонесите за здравствено осигурување.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа