Струмица го одбележа Денот на ослободувањето

Во Струмица  со низа манифестации  денеска беше одбележан 11 септември - Денот на ослободувањето на градот .Чествувањето на  71-та годишнина од ослободувањето започна со полагање свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата.

Во својот говор градоначалникот Зоран Заев  ја нагласи вековната борба за слобода. - Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото, кои велат дека таа слобода, во наше име, некој ја извојувале со непокор, верба, љубов и пролеана крв. Седумдесет и една година слободна Струмица, значи 71 година надградба на традиционалните вредности, 71 година надеж и стремеж кон подобро, поубаво и посреќно утре, 71 година прогрес и растеж и конечно, 71 година љубов и верност помеѓу Струмица и струмичани.Единаесетти септеври е ден кој мора да се негува, почитува и чествува, рече Заев.

Претставници на политичките партии,институции и здруженија положија буќети свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата.

Во чест на Денот на ослободувањето деца од  Домот за деца и млади „Благој Мучето„  засадија Дрвце на другарувањето во алејата на младите во Градскиот парк.

 

 

Оцени ја веста

11.09.2015 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега