Груевски: Решавање на имотно-правните односи по пониска цена

Соседите кои ги немаат решено своите имотно-правни односни за поделба на дворовите, односно случаите со навлегување во катастарските парцели од еден сосед кај друг поради разликите од фактичката состојба и авионското снимање, сега ќе можат да го сторат тоа по многу пониска цена, најави премиерот Никола Груевски при денешната посета на општина Аердором.

Тоа, како што рече во одговор на новинарско прашање, ќе го овозможат законските измени кои веќе поминаа на Влада и сега се во собраниска процедура со кои имотно-правните односи ќе можат да се решат со нотарска изјава наместо со нотарски акт.

- Наместо со нотарски акт за кој се плаќа 150 евра, законот овозможува само со нотарска изјава, која чини околу 300 денари, помеѓу соседите да се разреши случајот. На овој начин ќе се заштедат осум милиони евра на граѓаните, истакна премиерот Груески.

Нагласи дека на овој начин многу побрзо ќе оди решавањето, бидејќи, како што истакна, многу луѓе немале 150 евра да ги дадат за решавање на некое имотно прашање кое во најголем дел е грешка на властите од 1956 до 2006 година.

- Станува збор за грешки направени при авионското снимање од 1954 па до 2006 година за 54 илјади парцели и околу 130 илјади граѓани кои што се засегнати зашто некаде дворовите на едниот комшија е смален на сметка на другиот или слично. Најчесто соседите си знаат меѓу себе каква грешка е направена, рече Груевски

Посочи дека измените на законот се направени по укажувањето од Катастарот кое, како што прецизира, произлезе од контактите што ги направивме со многу граѓани, одејќи во различни градови и села, разговарајќи со нив, а некаде пративме екипи од Катастарот на лице места да разговараат после нашето доаѓање. 

 

 

Оцени ја веста

11.09.2015 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега