ВИДЕО: Заев не сака да се соочи со политичката конкуренција - за него изборите во април се нус-производ
За лидерот на СДСМ, Зоран Заев, предвремените парламентарни избори закажани за април 2016-та се нус-производ. Тоа значи дека истите тој не ги посакува.
На Заев му се „лизна“ признание. Тој призна дека не сака да се соочи на избори со политичката конкуренција.
Медиумите одамна пишуваат дека опозицискиот лидер се плаши од избори и сака да избега од нив. Партискиот рејтинг, неуспехот на неговото сценарио и слабата поддршка се доволни причини за тоа.
Но, со цел да го раздвижи своето членство, Заев помпезно најавува дека следуваат избори, а пред симпатизерите тврди дека на тие избори тој ќе биде победник.
Заев не ја говори вистината. Тоа го призна и самиот. За него изборите се нус-производ затоа што тој би направил се истите да не се одржат. Овој политичар многу добро знае со што ќе се соочи за 9 месеци - со одговорот на граѓаните кој тој не го посакува.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа