Триесетдневен притвор за тетовецот кој го уби својот брат

 

Триесетдневен притвор му определи денеска судија од тетовскиот основен суд на Ј.И.(55) од Тетово, кој вчера самиот се пријави во полиција како сторител на убиство на неговиот брат А.И. (53).

Ова денеска го потврди портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

- Претходно СВР Тетово против Ј.И. поднел пријава како осомничен за сторено кривично дело „убиство“ до Јавното обвинителство по вчерашниот настан во заедничката куќа на двајцата браќа на улицата „Караорман“ во градот. При караница, што брзо излегла од контрола, Ј.И. со еден убод со нож во градите го усмртил својот две години помлад брат, по што самиот се пријавил во полициската станица во Тетово, рече Јосифоски. 

При вчерашниот увид на местото, полицијата го пронашла и ножот со кој најверојатно било извршено убиството. По наредба на јавниот обвинител врз телото на починатиот била извршена и обдукција.

По денешната одлука за триесетдневен притвор, Ј.И. бил однесен во Истражниот затвор-Скопје во Шуто Оризари.

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега