Заев: На 1 септември СДСМ се враќа во Собранието
На први септември СДСМ се враќа во Собранието. Информацијата за ТВ Телма ја потврди лидерот на партијата Зоран Заев.
Враќањето на СДСМ во Собранието е дел од договорот меѓу политичките лидери и претставниците на меѓународниот фактор склучен во скопско Пржино на 15 јули.
Ова е ќе биде прво пратеничко искуство за овој состав на пратеници на СДСМ со оглед на тоа што партијата ги бојкотира институциите уште од денот на изборите минатата година. Сепак, за целиот период додека беа во бојкот пратениците на СДСМ редовно ја примаа својата плата.
Политиката на бојкот во СДСМ не е ништо ново. Сите пратенички состави на оваа партија барем еднаш биле во бојкот во секој мандат откако ги изгубија изборите во 2006 година. Од тогаш до денеска ниту еднаш на ја добија доврбата на граѓаните.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа