Свети Пантелејмон – светецот кој лечеше со силна молитва

Според календарот на МПЦ денеска е Св. великомаченик Пантелејмон. Свети Пантелејмон се роди во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула.

Во младоста ја изучи лекарската вештина. Подоцна поверува во Христа и се крсти.

Господ му имаше дадено голема благодет да лечи од секакви болести, не само користејќи ја лекарската вештина, туку и со силна молитва.

Така излечи и еден слеп од кого сите лекари веќе беа дигнале раце. А тоа ги побуди истиве, поради нивната завист, да го обвинат пред властите како христијанин.

Свети Пантелејмон беше ставен на маки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на губилиште, под некое маслиново дрво.

Тој клекна на колена, се помоли на Бога, а потоа му беше отсечена главата. Пострада во 304 година.

Чудотворец во текот на животот, тој продолжи да исцелува и преку неговите свети мошти кои се зачуваа.

 

 

Оцени ја веста

09.08.2015 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега