Еден убиен и еден повреден во пукање во маркет во Грција
Во супермаркет во Пиреја, Грција, едно лице загинало во пукање, а друго е повредено, поради што итно е пренесенo во болница. Полицијата го привела осомничениот.
Според првите информации, дошло до тепачка меѓу тројца државјани на Турција, а муштериите кои се нашле во продавницата почнале панично да бегаат. Жртвите од судирот не се идентификувани.
“Слушнавме два истрели. Видовме вработени како трчаат и викаат полиција. Клиентите трчаа во паника. Бевме преплашени, мислевме дека се работи за терористички напад”, изјавиле очевидци.
Двајца турски државјани влегле во продавницата и се упатиле кон делот за овошје и зеленчук. Трет човек веднаш влегол зад нив и извадил пиштол и почнал да пука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа