На штетите им нема крај - еве колкава е проценката за железничката пруга кај Тетово
Петнаесет илјади евра изнесува штетата на железничката пруга Скопје-Тетово-Кичево во деловите што беа зафатени со невремето пред четири дена, покажуваат првичните проценки на Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура.
ЈП МЖ Инфраструктура денеска соопшти дека нивни екипи се на терен и интензивно работат на целосно регулирање, расчистување на последиците и оштетувањето на пругата.
Невремето во тетовскиот регион кај делот на Поројска река го отежна нормалното одвивање на железничкиот сообраќај кон Кичево. Обилните наноси на камења, земја, дрвја и кална предизвикаа неколку часовен прекин на сообраќајот на пругата Ѓорче Петров–Кичево, неполни два километра пред Тетово.
Со вонредни напори на механизацијата и екипите на ЈП МЖ Инфраструктура успешно беше отстранет големиот нанос од камења, земја, дрвја и кал и сообраќајот повторно беше нормализиран, кој поради претпазливост се одвиваше со намалена брзина од дозволената, се вели во соопштението од ЈП МЖ Инфраструктура
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа