Делегација на НАТО утре во инспекција на Македонија

Утре во редовна годишна посета на Република Македонија, ќе претстојува МАП тимот на НАТО на високо политичко ниво, на чело со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Амбасадорот Дирк Бренгелман, информираат од МНР.

Според најавите, за време на посетата, амбасадорот Бренгелман ќе оствари  средби со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски; вицепремиерот надлежен за спроведување на Рамковниот Договор Муса Џафери, министерот за надворешни работи Никола Попоски, ,инистерот за одбрана Талат Џафери и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска,.

-На средбите, Амбасадорот Бренгелман ќе се запознае со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата во насока на целосна евро-атлантска интеграција и членство во НАТО, стои во соопштението од МНР.

По средбите со највисоките државни органи во Република Македонија, помошникот на генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Бренгелман, ќе оствари заедничка средба со амбасадорите на земјите членки на НАТО во Република Македонија. 

најчитано сега