Голема полициска акција го стресе Прилеп - МВР разби банда хакери кои краделе од кредитни картички

Во вчерашната акција на македонското Министерство за внатрешни работи била уапсена меѓународна група која се занимавала со криминал со кредитни картички.

Полицијата вчера извршила претреси на пет места во Прилеп. Биле пронајдени два скимери, уреди за копирање картички, делови за изготвување скимери и над 100 бели фалсификувани картички. Во бандата која била уапсена членувале четворица македонски државјани и еден бугарски државјанин.

Детали за полициската акција се очекуваат во текот на денот.

 

најчитано сега