Македонија во трка за домаќин на Светското првенство во ракомет
Ракометната федерација на Македонија поднесе барање за организација на Светското Првенство во ракомет во машка или женска конкуренција во 2019-та година.
Откако Македонија успешно ги организираше младинските Мундијали и ЕП за сениори, сега се амбицираме да организираме едно големо ракометно натпреварување.
Ракометната федерација поднесе кандидатура до ИХФ за организација на Светското првенство во женска или машка конкуренција во 2019 година.
Македонија, во машка конкуренција ќе се трка со Германија, Данска, Полска, Норвешка, Шведска и Словачка, додека во женска конкуренција, со Јапонија, Тунис, Словачка, Норвешка и Украина.
На 2 септември годинава, кандидатите ќе ги презентираат плановите за организацијата на Првенството, а домаќинот на Мундијалите официјално ќе биде избран на 28. октомври во Доха.
ФОТО: Нова Македонија