„Облечете ги обувките за денс со Кирил Џајковски!" - македонскиот музичар ќе ја крене Чешка на нозе
„Облечете ги обувките за денс со Кирил Џајковски!" - Со овие зборови, Чешка се подготвува за денешниот настап на македонскиот музичар и композитор на Европскиот фестивал „Рок фор пипл". Џајковски ќе настапи на со многуброен отворен бенд.
Реномираниот четиридневен фестивал се одржува по 19-ти пат во чешкиот град Храдец Кралове, на површина од 50 хектари и има капацитет за 32.000 посетители.
Џајковски се претставува како музичар кој со неговата енергична музика успеал да направи спој меѓу етно и денс фановите со неговите феноменални комбинации на хип-хоп, реге, даб и рок звуци.
На истата сцена, од први до петти јули настапуваат и „30 Секндс ту Марс", „Блок Парти", „Д Паров Стелар Бенд", „Гогол Бордело", „Фоалс", „Квинс оф д стоун ејџ", „Луналуп" и други.
ФОТО: Нова Македонија